Лош крај на одличната сезона на Иско

isco.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најдобриот играч на Бетис, Иско, ја заврши сезоната. Во текот на вчерашниот натпревар против Лас Палмас, тој здоби со фрактура на дијафизата на фибулата на левата нога. Повредата на иско ја потврди клубот.

Иско заработи повреда на гостувањето кај Лас Палмас во 36. коло од Ла Лига. Во 39. минута Шпанецот мораше да го напушти теренот. Натпреварот заврши без победник 2:2 (1:1).

Повредата значи дека 32-годишниот фудбалер нема да биде во комбинација за настап на Европското првенство во Германија.

„Тешко е“, беше краток и јасен Иско во обраќањето пред новинарите веднаш по лекарскиот преглед.

За „зелените“ од Севилја одигра 29 натпревари (2.339 минути) во домашното првенство, при што постигна осум гола и забележа пет асистенции. Во Лига Европа настапи на сите шест натпревари во групата Ц, постигна еден гол и запиша две асистенции.

Во следното коло Бетис во недела од 19 часот го пречекува Реал Сосиедад. Ќе биде ова директна борба за шестата позиција која гарантира пласман во плеј-офот за Лига Европа. Сосиедад има бод повеќе од Бетис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK