Стадионот „Леви’с“ во Санта Клара, официјално е избран за домаќин на 60. финале во американската професионална НФЛ лига – мегапопуларниот Супербоул, кој ќе се одигра на 8 февруари 2026 година.
Тоа ќе биде втор Супербоул во историјата на стадионот „Леви’с“, кој е изграден во 2014 година и е дом на НФЛ лигашот Филаделфија.
Претходно Санта Клара беше домаќин на јубилејното 50. НФЛ финале во кое на 7 февруари 2016 година, Денвер ја совлада Каролина.
Следниот Супербоул ќе се игра на 11 февруари 2024 година во Лас Вегас, додека во 2025. домаќин на спектаклот ќе биде Њу Орлеанс.