Ферстапен пред Леклер на пол-позцијата во Џеда

12082826.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позцијата на утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда.


Актуелниот светски првак, беше најбрз на тренинзите, соминацијата ја пренесе и во квалификациите. Ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг 1:27.472 минути. Три десетинки послаб резултат имаше Шарл Леклер, тој со своето Ферари трката ќе ја започне од втората позиција.

Вториот ред на стартот им припадна на пилотите на ред Бул и Астон Мартин, Серхио Перез и Фернандо Алонсо.

Во првите десет се најдоа двата возачи на Мекларен (Ландо Норис и Оскар Пајстри) и Мерцедес (Џорџ Расел и Луис Хамилтон.

Топ 10 завршува со Јуки Цунода од РБ и Ленс Строл од Астон Мартин.

Трката за Голема танграда на Саудиска Арабија, утре ќе започне во 18 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK