Фернандеш фрустриран од лошата сезона, но не сака да го напушти Јунајтед

BRUNO-FERNANDES.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, изрази желба да остане во клубот.
Португалецот очекува клубот да ги исполни неговите очекувања.


Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд“ од Спортинг во 2020 година и постигна 79 гола на 232 натпревари.

„Обожавам да играм на теренот на Олд Трафорд повеќе од било што на светот. Не сакам да си одам. Ова отсекогаш бил мојот најголем сон“, изјави Фернандеш за „Фан трибјун“ и дополни.

„Сакам само моите очекувања да се совпаднат со очекувањата на клубот. Ако разговарате со некој фан, ќе ви го каже истото. Сакаме да се бориме за титулата. Сакаме да играме во Лигата на шампионите. Сакаме финалиња на купот. Тоа е стандард“, додаде Португалецот.

Јунајтед ќе има последна шанса барем малку да ја спаси сезоната во недела, кога ќе се соочи со градскиот ривал Сити во финалето на ФА Купот.

„Фрустрација. Зарем сите не го чувствуваме тоа? Тоа е единствениот збор за оваа сезона. Истото би ви го кажал секој навивач на Јунајтед”, рече Фернандеш.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK