Турскиот фудбалски гигант Фенербахче, реши да не ја реализира својата закана дека ќе ја напушти турската лига, која како опција ја најави претседателот на клубот Али Коч откако играчите беа нападнати на крајот од натпреварот, во Трабзон на 16 март, кој Фенербахче го доби со 3:2.
„На сите одржани состаноци дојдовме до заклучок дека напуштањето на лигата е најмалку посакуваната опција. Причината што таа опција не е добра е што ќе треба да се справиме со истите проблеми во пониските лиги како и досега. Опцијата за напуштање на лигата е тргната од дневниот ред се до одржувањето на Генералното собрание на клубот на крајот на сезоната“, им порача Коч.
Ова првиот човек на клубот им го порача на 25.000 навивачи на Фенербахче кои на стадионот ја чекаа одлуката на клубот.
Фенербахче по 30 одиграни кола е на второто место на табелата со два бода помалку од водечкиот Галатасарај. Фенербахче последната титула во првенството на Турција ја освои во 2014 година.