Проектот на Реал Мадрид и Барселона, наречен европска Суперлигата, доживеа нов удар, по пресудата на Судот на Европската унија за заштита на брендовите. Судот пресуди дека доколку некогаш биде формирано ова натпреварување нема да може да го користи името Суперлига.
Иако челниците на Реал и Барса најавуваат дека Суперлигата е неизбежна и дека ќе започне наскоро, сега е јасно дека и да започне неможе да го носи тоа име. Судот на Европската унија надлежен за заштита на брендовите, одлучи дека сите права на името „Суперлига“, од 1991 година му припаѓаат натпреварувањето кое го организира Данска. Данската лига од 1991 година го носи името Суперлигаен.
„Многу сме среќни што судот на ЕУ пресуди во наша корист. На овој начин нема да се нарушат вредностите што данските клубови ги вложија сите овие години во нашата Суперлига. Исто така, секогаш сме биле против желбата на големите клубови да создадат ново натпреварување и да ја урнат Лигата на шампионите. Фудбалот не смее да биде затворена забава на избраните. Неверојатно среќни за оваа мала победа“, изјави директорот на данската лига, Клаус Томсен.
И покрај тоа што Суперлигашите дури и дадоа предлог како би изгледало нивното натпреварување (64 екипи поделени во три дивизии), сега имаат нова тема, мора да најдат ново име.