Ембид поради новото правило може да испадне од МВП трката

Ембид-поради-новото-правило-може-да-испадне-од-МВП-трката.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Центарот на Филаделфија и актуелен МВП, Џоел Ембид, веројатно ќе испадна од МВП трката во тековнста сезона.

Ембид може да биде жртва на новиот колективен договор (ЦБА) кој стапи во сила од оваа сеозна. Според новиот договор играчите мора да се појават во најмалку 65 натпревари за да се квалификуваат за различни награди во регуларниот дел од сезоната, вклучувајќи ја и најпрестижната титула МВП.

Ембид веќе пропушти седум натпревари оваа сезона и според медиумите од САД тој нема да биде во тимот и вечерва против Чикаго Булс. Доколку актуелниот МВП пропушти уште четири натпревари до крајот на регуларна сезона, тој автоматски ќе биде отстранет од листата на кандидати за МВП наградата.

Кошаркарот на Филаделфија одигра 25 натпревари од почетокот на сезоната, има просек од 35 поени, 11,7 скока и шест асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK