Ануоби во Њујорк, Берет во Торонто

Ануоби-во-Њујорк-Берет-во-Торонто.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







НБА инсајдерот Адријан Војнаровски објави дека Њујорк Никс и Торонто Репторс договориле трејд во кој главни ѕвезди се О-Џиј Ануоби и Ар-Џеј Берет. .

Ануноби игра за Торонто од 2017 година, кога беше драфтуван од Репторс. Со канадскиот тим ја освои шампионската титула во НБА. Минатата сезона ја предводеше лигата во украдени топки и беше член на избраната втора одбранбена петорка.

Разделбата на Ануноби и Рапторс беше предизвикана од договорна ситуација. Британецот ќе стане слободен агент на крајот од сезоната, а Никс со овој трејд ја потврдија намерата да го задржат на долги патеки.

Во Торонто на местото на Ануоби доаѓа Барет, кој беше трет пик на драфтот во 2019 година. Берет играше за Канада на СП сезонава има просек од 18,2 поени и 4,3 скока по натпревар.

Покрај Берет од Њујорк во Торонто заминува и плејмејкерот Имануел Квикли, додека нов играч на Никс покрај Ануоби ќе стане и крилниот центар од Нигерија, Прешус Ачиува.

Исто така Торонто од Никс ги добија правата на пикот од втората рунда на наредниот драфт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK