Фудбалерите на Интер Мајами го победија Нешвил со 3:1 и се искачија на првото место во Источната конференција во МЛС лигата.
Блескаше Лионел Меси, со два гола и аситенција. Инаку, Интер со пресврт дојде до победата, откако Нешвил дојде до предност со авто-голот на Негри.
Но, Интер Мајами брзо се врати, во 11. минута Меси изедначи. а потоа во 29. му асистираше на Бускетс.
Конечните 3:1 ги постави Меси во 81. минута од пенал.
Интер Мајами сега е лидер во Источната конференција со 18 бодови, но има и меч повеќе од Њујорк Ред Булс.
Исто така, Меси се искачи на второто место на листата на стрелци со седум гола, еден помалку од Аранго од Солт Лејк.