Делчево и гимназијата Методи Митевски – Брицо денеска се домаќини на Државното првенство военски ракомет за Средни училишта. Освен домаќините, рако етарките од СОУ ,,М.М.Брицо” на завршниот турнир учествуваат и ракометарките на СОУ “Никола Карев” од Скопје и СОУ “Јосип Броз-Тито” од Битола како најдобри од своите региони.
-На турнирот се најдобрите екипи кпи поминаа неколку филтри пред да дојдат до финалето. Одлучивме Делчево да биде домаќин како град каде ракометот е спорт број еден. На сите екипи им посакувам добри натпревари и нека победат најдобрите, истакна Александар Туфекчиев, претседател на Федерацијата на училишни спортови.
Во рамки на турнирот ќе се одиграат вкупно три натпревари, односно ќе се игра секој со секој, а победник е онаа екипа која ќе забележи две победи.
Директорката на делчевската гимназија Дијана Цонева им посака многу успех на ракометарките, а во рамки на настанот беше подготвена и пригодна културно-уметничка програма.