Денвер Нагетс со 21 тројка го торпедираа Кливленд, Јокиќ го запиша 128.трипл-дабл во кариерата

7598b608-nikola-jokic-looks-to-pass-denver-nuggets-vs-cleveland-cavaliers-getty-images.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелните НБА шампиони, Денвер Нагетс ги декласираа Кливленд Квалирс со 130:101. Нагетс на овој натпревар погодија 21 тројка од 33 обиди. До победата ги предводеше Никола Јокиќ со 26 поени, 18 скокови и 16 асистенции. За српскиот репрезентативец ова беше 23. трипл-дабл оваа сезона, а 128. во кариерата. Тој се наоѓа на четвртото место на вечната листа.


Покрај Јокиќ, брилијантен натпревар одиграа Реџи Џексон, Кентавијус Колдвел Поуп и Мајкл Портер Јуниор. Првите двајца комбинирано погодија 10 тројки од 14 одини.

Џексон натпревар го заврши со 23 поени, поен помалку постигнаа Колдвел Поуп и Портер Јуниор.

Денвер ја забележа 52.победа во сезоната и ја продолжува трката со Минесота и Оклахома за првото место во Западната конференција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK