Раководството на Барселона активно бара тренер кој ќе го замени Чави на крајот од сезоната. Списокот на желби е долг, но главно тешко остварлив.
Претседателот на клубот Џоан Лапора не крие дека фантазира за Јирген Клоп, Пеп Гвардиола, Томас Тухел… Тие сништа во овој момент се неостварливи.
Работите околу ангажманот на нов тренер го води спортскиот директор на Барселона Деко. Шпанските медиуми објавија дека тој веќе го нашол наследникот на Чави. Тоа е тренерот на Порто, Сержо Консеисао.
Консеисао објави дека нема да го продолжи договорот со Порто по завршувањето на сезоната. За Деко тоа беше знак да го повика својот поранешен соиграч во Порто и португалската репрезентација и да му ја понуди клупата на Барселона.
Консеисао е тренер на Порто од 2017 година. Има освоено три шампионски титули, Купот и Суперкупот на Португалија и еден Лига куп.