Леброн си оди од ЛА, на листата за размена се наоѓа и Дејвис

Леброн-си-оди-од-ЛА-на-листата-за-размена-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Лос Анџелес Лејкерс би можеле да го трејдуваат Леброн Џејмс пред 8 февруари, кога завршува „преодниот рок“ на НБА.

НБА тимовите имаат можност да тргуваат до 8 февруари (до 21 часот), по што се затвора „трансфер маркетот“ за трансфер на кошаркари од еден тим во друг.

Се очекува неколку екипи да се обидат да го надградат ростерот, но секако дека има тимови кои ќе се обидат да распродадат она што е вредно за да се изборат за што е можно подобра позиција пред драфтото во јуни.

Во оваа втора категорија на тимови би можеле да влезат и Лос Анџелес Лејкерс, кои влегоа со големи амбиции во сезоната, но според формата прашање е и дали ќе влезат во плеј-офот.

Поради тоа се најавува дека до 8 февруари би можел да се случи блокбастер – трејдот, односно најголемата ѕвезда Леброн Џејмс да го напушти тимот..

Оваа информација не ја објавија Адријан Војнаровски, Шемс Шаранија, Крис Хејнс или Марк Стајн, почитувани НБА инсајдери, туку човек со долга историја на добри и проверени информации, Дејвид Пингалор.

Истиот човек во четвртокот на официјалниот профил на Твитер напиша:

„Слушам од луѓето од НБА дека Леброн Џејмс е на врвот на листата на кошаркари кои треба да бидат разменети во Лејкерс. Пелинка (генерален менаџер на Лејкерси) бара идеален партнер и е многу блиску до договор“.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис не играа изминатата ноќ против Бостон Селтикс.

Лејкерси моментално се деветти на Западот со скор од 25–25 и тешко ќе стигнат до првите шест на Западот. Договорот на Леброн истекува на крајот од сезоната, додека Дејвис има уште една година од договорот по оваа натпреварувачка година.

На Лејкерси им недостигаат пикови, дадоа многу во претходните години за да го засилат тимот и не е невозможно да се свртат кон иднината со размена на Џејмс и Дејвис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK