Де Лаурентис поради Конте ќе прави чистка во клубот

Conte.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Наполи е во голема криза во сезоната откако го освои Скудетото на клубот чекаше цели 30 години. Се покажа како голема грешка што претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис го отпушти Лучијано Спалети и го замени Руди Гарсија.


Французинот не се снајде најдобро на таа позиција, па на негово место дојде Валтер Мацари, кој исто така не се задржа долго на клупата на Наполи.

Како изнудено решение до крајот на сезоната беше назначен Франческо Калцона, инаку актуелен селектор на Словачка. Ниту Калцона не се прослави во досегашниот мандат, па касно е дека Де Лаурентис ќе бара нов тренер за наредната сезона.

Прва желба на Де Лаурентис е Антонио Конте.

Првиот човек на Наполи наводно му ветил на Конте дека клубот ќе му обезбеди доволно пари за засилувања.

Конте е исклучително успешен тренер, единствен неуспех го доживеа на клупата на Тотенхем.

Но затоа освои титули со Јувентус, Челзи и Интер, додека Наполи се надева дека истото може да го направи и на југот на Италија.

Покрај Наполи, за Конте е заинтересиран и Милан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK