Репрезентацијата на Хрватска со победата против Ерменија се пласираше на Европското првенство. За селекторот Златко Далиќ ова е четврто големо натпреварување на кое ќе ја води Хрватска.
Далиќ изјави дека не е целосно задоволен од играта на Хрватска, во квалификацискиот циклус. Очекува дека ќе бидат подобри на ЕУРО 2024.
„Не очекував толку тешки квалификации, останавме без многу играчи, што се одрази на резултатот. Ќе мора да бидеме многу подобри ако сакаме да направиме нешто на ЕП. Не се обвинувам себеси, ниту обвинуван некој друг, ние целта ја постигнавме. Играчите не се откажаа по октомврискиот циклус (Хрватска загуби од Турција и Велс), продолжија да ме следат како тренер. Никогаш не сум бил посилен или поподготвен“, рече Далиќ во интрвсју за дневникот на ТВ Нова и дополни.
„Бев под голем притисок. Мојата улога како селектор нема цена. Сигурно ќе ја водам Хрватска во Германија, а што ќе биде потоа ќе видиме. Можеби е време за некои помлади. Издржав многу, а по Германија ќе бидат седум години“, заклучи Далиќ.