Балотели: Сè уште сум најдобриот италијански напаѓач

Балотели-Сe-уште-сум-најдобриот-италијански-напаѓач.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Марио Балотели, контроверзниот италијански напаѓач имаше неколку интересни забелешки по натпреварот меѓу Украина и Италија, кој заврши 0:0.

Италија се пласираше на ЕП каде ќе ја брани круната освоена пред три години, а асот на Адана смета дека за него има место во репрезентацијата.

„Кога сум здрав, се уште сум најдобриот италијански напаѓач. Сакам да се вратам во репрезентацијата. Секогаш се надевам на покана“, изјави Балотели.

Марио се одрази и на учинокот на двајцата напаѓачи кои играа на неговата позиција.

„Дали Скамака и Распадори воопшто беа на теренот? Колку удари упатија заедно? Два? Се ви е јасно“, изјави Балотели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK