На помалку од еден месец до првото Ел Класико оваа година, Барселона започна со продажбата на билети. И ги шокираше сите.
Барселона го пречекува Реал на 25 октомври во 21 часот, а во првата фаза од продажбата на билети само членовите на клубот можат да ги купат.
Со оглед на цените, многумина ќе се прашуваат дали вреди. Во првите 48 часа, тие имаат попуст од пет проценти.
Барселона ја одредува цената на билетите во однос на побарувачката, па конечниот износ зависи од интересот на навивачите, понудата и бројот на преостанати места.
Значи – ќе има вести за астрономските цени што се плаќаат за билети за овој натпревар.
На тоа укажуваат почетните цени. Во моментов, најевтините билети се за места зад голот (категорија гол 1) и чинат 476,5 евра.
Корнер сектор 1.699 евра, Горен латерален 2.799, а Горна трибина 2 дури 899. Засега, најскапата цена на стандарден билет е 999 евра.
Оние за кои парите не се проблем, можат да го изберат и VIP Premium пакетот по цена од 1.750 евра – ова вклучува пристап до ложата, кетерингот и други бенефиции.
Foto/ depositphotos