Ламин Јамал го пропушта гостувањето во Сабах, во Лигата на шампионите, поради проблем со десниот глужд. Каталонците ја донесоа одлуката како мерка на претпазливост и очекуваат дека ќе се врати за натпреварот против Депортиво Ла Коруња, во Ла Лига.
19-годишниот напаѓач чувствува мала непријатност во десниот глужд, по дуелот со Виљареал. Поради ова, тој ќе го пропушти гостувањето во азербејџанскиот Сабах, закажано за среда, 25 ноември.
„Ламин Јамал чувствува мала непријатност во десниот глужд. Како мерка на претпазливост, тој ќе го пропушти натпреварот против Сабах“, објави Барселона.
Јамал е незаменлив во плановите на Ханси Флик оваа сезона. Тој ги започнал сите 17 натпревари на Барселона досега, што доволно зборува за неговата улога во тимот.
Натпреварот помеѓу Сабах и Барселона ќе се игра во среда во 18:45 часот на Олимпискиот стадион во Баку.
Четири дена подоцна Барселона ја очекува гостување кај Депортиво на „Риазор“, во недела, 29 ноември, од 16:15 часот, кога Јамал повторно треба да биде во тимот.
Foto/ Depositphotos