Баерн заинтересиран за Рабио

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабио.

Италијанскиот новинар, Николо Шира, наведува дека Баерн стапил во контакт со мајката на Рабио, Веронике, која е и негов менаџер.

Инаку, Вероник Рабио е позната по бескомпромисниот однос за време на преговорите, а поради неа на Адриен претходно му пропаднаа неколку здлеки.

Меѓу другото, „Газета дело Спорт“, на почетокот на 2023 година тврдеше дека трансферот на Рабио во Манчестер јунајтед пропаднал затоа што неговата мајка барала премногу пари.

Јувентус исто така сака да го задржи откако од 2019 година одигра 199 натпревари, постигна 21 гол и забележа 15 асистенции. Се очекува Рабиот, до крајот на сезоната да донесе одлука дали ќе остане во Торино или ќе бара нов ангажман.

Рабио во помладите години бил член на Кретеј, Манчестер сити и ПСЖ, за чиј прв тим одиграл 227 натпревари, (24 голови, 14 асистенции). За француската репрезентација има 42 настапи и четири гола. „Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 40 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK