Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека тимот не игра според очекувањата пред противничкиот гол, но дека клубот не планира да донесе напаѓач во јануарскиот преоден рок.
„Постојат различни начини за постигнување голови и постигнуваме голови. Но, требаше да постигнеме многу повеќе од шансите што ги создадовме“, изјави Артета, а пренесува „Скај спорт“.
Арсенал оваа сезона постигна 11 гола на шест натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на петтото место на табелата со 14 бодови, четири помалку од лидерот Манчестер сити.
Се шпекулираше дека Артета е заинтересиран да го доведе Ајван Тони во зимскиот преоден рок, кога на играчот од Брентфорд ќе му истече суспензијата.
„Воопшто не размислуваме за тоа. Имаме навистина добри играчи во нападот. Вистина е дека сега имаме проблеми со повреди. Ќе продолжиме со играчите кои ги имаме“.
Foto/ EPA