Англија е најскапата репрезентација на ЕП, поединечно најголема вредност имаат Мбапе и Белингем

223344.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската репрезентација на Англија, според цените на фудбалерите, има најголема вредност од сите учесници на Европското првенство. Според порталот „Трансфермаркт“, вкупната вредност на англиските репрезентативци изнесува 1,52 милијарди евра.



Вредноста од една милијарда ја надминаа уште две репрезентации, Франција (1,23) и Португалија (1,05). На четврто место е Шпанија (965), а на петтото место се Германците (851).

Од сите пријавени играчи, најскапи се францускиот напаѓач Килијан Мбапе и англискиот играч за врска Џуд Белингем. Од следната сезона соиграчите во Реал Мадрид се проценуваат на 180 милиони евра.

Во Топ има иште двајца Англичани, Фил Фоден (150 милиони евра) и Букајо Сака (140).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK