Анчелоти: Не ми требаат пари, не би заминал во Саудиска Арабија за 500 милиони евра

Анчелоти-Не-ми-требаат-пари-не-би-заминал-во-Саудиска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Карло Анчелоти на прес конференција на која го најави гостувањето на Реал, кај Бетис во рамките на 16. коло од шпанската Ла Лига, ја коментираше и информацијата дека голферот Џон Рахм,стана најплатен спортист во светот. Неговата годишна плата е поголема од заедничките плати на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.


Рахм потшиша договор вреден 500 милиони евра со ЛИВ голф лигата од Саудиска Арабија. Договорот ќе трае најмалку три години, а наводно има опција за продолжување, пишува ЕСПН.

По повод таа вест Анчелоти беше запрашан дали би заминал во Саудиска Арабија доколку некој клуб му понуди договор од 500 милиони евра.

„Воопшто не би резервирал лет, би одел таму пеш. Не, не. Се шегувам. Не ми требаат пари. Светот се менува и ќе продолжи да се менува”, рече тренерот на Реал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK