Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги обединува спортот, дружењето и хуманоста.
На стартот пред СЦ „Јане Сандански“ се собраа голем број деца, родители, љубители на спортот и граѓани кои со своето учество придонесуваат за една важна хуманитарна цел.
„’No Finish Line Skopje’ не е трка за медал, туку настан во кој секој изминат километар претставува чекор кон помош за Детската болница „Козле“. Учесниците можат да трчаат или да пешачат, а секој нивен чекор има хуманитарно значење. Општина Аеродром продолжува да го поддржува спортот и настаните што ги поврзуваат граѓаните и создаваат позитивна енергија во заедницата“, велат организаторите на настанот.
Во следните 100 часа, Аеродром ќе биде место за спорт, дружење и хуманост со заедничка цел – секој чекор да значи помош и надеж за оние на кои им е најпотребна.