Суперѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, наскоро ќе добие право за тригодишно продолжување на договорот со франшизата. Сепак, грчкиот играч не е сигурен дали треба да потпише.
Јанис потпиша петгодишен договор во 2020 година. Овојпат негова грижа е посветеноста на тимот за освојување на титулата.
„Вистинското прашање нема да добие одговор оваа година, можеби, следното лето. Не би бил најдобрата верзија од себе ако не знаев дека сите размислуваат исто, дека сите на ист начин ќе го жртвуваат времето далеку од семејството ињто како мене. И ако јас не го почувствувам, не потпишувам“, изјави грчкиот суперстар.
„Никогаш нема да имам лутина против Милвоки Бакс. Верувам дека имавме 10 неверојатни години и нема сомнение дека дадов сѐ за градот Милвоки. Буквално сè. Секоја вечер, дури и кога сум повреден. Јас сум дел од Милвоки Бакс. Јас „крварам“ зелено. Го знам тоа“, објасни кошаркарот.