Во експлозија во Доминиканската Република загинаа 12 лица, над 60 се повредени

1692097984_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 12 лица загинаа, а 65 се повредени во експлозија што се случи денеска недалеку од главниот град на Доминиканската Република, соопштија локалните власти.


Околу 55 лица се водат како исчезнати, јавува Си-Ен-Ен.

Експлозијата се случила во близина на трговски центар во општината Сан Кристобал, западно од главниот град Санто Доминго.

Целосно се уништени три згради. На терен се 20 возила на брза помош и 14 возила на противпожарната служба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK