Пеколни сцени од Русија: бројот на жртвите во експлозијата се искачи на 35, повредени и деца

1692094159_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на загинати во експлозија на бензинска пумпа во Махачкала, главниот град на руската република Дагестан, се искачи на 35, јавија руските медиуми, повикувајќи се на итната помош.


Прес-службата на Министерството за здравство на Русија соопшти дека во болниците во Махачкала има 63 лица, меѓу кои 16 деца, пренесува РИА. Во тешка состојба се 11 повредени, меѓу кои и две деца. Уште 17 лица добиле медицинска помош во клиниките.

На периферијата на Махачкала  вчера вечерта се запалил сервис за автомобили,  пожарот се проширил на бензинска пумпа, а потоа дошло и до експлозија.

Експерти од водечките клиники на Министерството за здравство на Русија пристигнаа во Дагестан со специјален лет на Министерството за вонредни ситуации и на лице место вршат консултации и одлучуваат дали има потреба дел од повредените да бидат пренесени на лекување во Москва.

Властите најавија дека семејствата на загинатите ќе добијат по еден милион рубљи.

Во Дагестан 15 август е прогласен за ден на жалост.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK