Аеродромот во Катанија, вториот по големина град на Сицилија, почна со работа утрово, откако вчера беше затворен поради ерупцијата на вулканот Етна.
Компанијата која управува објави дека аеродромот е повторно отворен во шест часот утринава и им препорача на патниците да се распрашаат за нивните летови кај авиокомпаниите, пренесува Анса.
На аеродромот во Катанија вчера беа откажани или пренасочени сите летови.