Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи оствари средба со новата германска амбасадорка Петра Дрекслер.
Вицепремиерот, како што соопшти владината прес-служба, и посакал успех во работата на германската амбасадорка и продолжување на плодната соработка особено што над 200 компании со германски капитал работат во Северна Македонија и вработуваат околу 20.000 луѓе што ги прави германските инвеститори да бидат многу значајни за нашата економија.
Амбасадорката Дрекслер од нејзина страна посочила дека се радува на можноста преку нејзиниот ангажман да влијае на продлабочување на економската соработка, но и на соработката во сите области кои се од взаемен интерес на Германија и Северна Македонија, со посебен акцент во енергетиката, инфраструктурата и инвестициите во преработувачкиот сектор.
Германија е најголем трговски партнер на Северна Македонија со ниво на трговска размена од над пет милијади евра на стоки и услуги