Стојановски: Бугарија и денес не го прави тоа што треба да го прави како сосед, но се надеваме дека тоа ќе се поправи

stojanovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денот на победата над фашизмот е славен ден за нас, за сите граѓани на Македонија. Не треба да зборавиме на овој ден никогаш оти тоа е и славен ден за сите народи од демократските земји, вели претседателот на Здружението на Сојузот на борците од НОАВ Никола Стојановски кој денеска присуствуваше на одбележувањето на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа пред споменикот на Ослободителите на Скопје.







Тој порачува дека е потребна соработка меѓу народите и постојано да се потсетуваме на значењето на 9 Мај, а тоа особено важи за младите генерации кои треба да продолжат да ги надоградуваат нивните традиции.

-Старите го направиле тоа што можеле да го направат, а младите генерации треба да се угледаат на тоа, да учат добро, да работат добро, да им помагаат на старите, вели Николовски.

Тој на новинарско прашање потврдува дека во време на Втората светска војна Бугарија беше окупатор, и оти и денес не се покажуваат како добри соседи.

-Ден денес не го прават тоа што треба да го прават како соседи, но се надеваме дека тоа ќе се поправи, затоа што мора да се живее со соседите, да се соработува со соседите. Мора да работиме на напредок, вели Николовски.

За тоа дали Бугарија треба да се извини за окупацијата во Втората светска војна, тој вели дека тоа треба да дојде од нив самите, за тоа што го направиле.

-Верувам дека тоа ќе се поправи. Со соседите треба да се живее добро, тоа е многу важно. Како што треба да живееме добро со соседите, тоа важи и за државите кои се соседи, нагласува Николовски.

Никола Стојановски е учесник во НОБ и еден од ретките живи борци од Втората светска војна. Тој годинава наврши 100 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK