Тренчевска: Младите во нашата држава живеат во духот на едно општество за сите

mladi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше присутна на изложба со дела кои беа изработени на работилницата “PIN-EQUITY за куќата од соништата на децата” организирана и асистирана од страна на одделот на Архитектура при инженерскиот факултет и факултетот за образование при Меѓународниот Балкански Универзитет. Како учесници во изработката на делата беа вклучени и децата од дневниот центар за деца со даунов синдром во Скопје и асоцијацијата “Dua Ylberin”. Изложбата ја отвори со своето обраќање проректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, Мевлудин Ибиш.

„Студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје уште еднаш покажаа дека се несебични и доста професионални. Со студентите од ИБУ сме соработувале и претходно на нашата завршна конференција од кампањата „Гласна и храбра“ каде зборувавме за еднакви можности на мажите и жените. Денес тука продолжуваме да твориме за еднакви можности“ рече Тренчевска во своето обраќање.


Таа ги поздрави професорите и негувателите кои беа дел од реализација на работилниците и организирањето на изложбата. Министерката се изрази и со зборови на благодарност до студентите и посочи дека со ваквите постапки докажуваат дека творат и живеат во духот на едно општество за сите.

Министерката обраќањето го заврши со охрабрувачки зборови насочени кон учесниците.

„Ја поздравувам иницијативата и ги охрабрувам корисниците на услугите од дневниот центар и студентите да продолжат да творат. Да го обоиме овој модерен свет со боите на еднаквоста и инклузијата“ истакна Тренчевска.

За време на настанот на децата и на студентите им беа доделени благодарници за учество на работилницата и успешно спроведената изложба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK