Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Славески бегаат од седница за финансиската состојба во Скопје

sdsm_345435543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почитувани граѓани, почитувани новинари,







ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Советот од редовите на оваа партија, Трајко Славевски бегаат од закажување на вонредна седница на Советот на која треба да се расправа за катастрофалната финансиска состојба во Град Скопје.

Го потсетуваме Славевски дека сите услови за одржување на вонредна седница се исполнети и таа треба да се одржи што побрзо.

Финансиската состојба во Градот е алармантна, буџетската сметка е блокирана, а на Скопје за првпат во историјата му се заканува банкрот.

Заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска денес Скопје е нефункционален град со нефункционални и задолжени јавни претпријатија и установи.

Јавниот превоз е во целосен колапс, ЈСП тоне во долгови, а протестите што ги гледавме пред неколку месеци можат многу брзо да се повторат.

Стотици милиони евра народни пари се потрошија за една и пол година а не е реализиран ниту еден капитален проект од програмата.

Единствени виновници за ваквата катастрофална состојба се ВМРО-ДПМНЕ која го има мнозинството во советот и градоначалничката Арсовска.

Тие заедно го изгласаа Буџетот за 2023 заеднички ја правеа програмата за четиригодишниот мандат.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во сите Управни одбори на претпријатијата што денес едвај функционираат.

Токму Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја промовираа Арсовска како најдобра менаџерка за која бараа поддршка од граѓаните.

Ветуваа модерно Скопје, а сега по само една и пол година гледаме запоставен, нефункционален град на кој му се заканува банкрот.

Славевски мора што побрзо да закаже седница на Советот, каде Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да дадат одговори како успееја да ја банкротираат најголемата и најбогата единица на локалната самоуправа.

Изјава за медиуми,Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK