Став на првиот потпретседател на Владата во врска со средбата Ковачевски – Блинкен

grubi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

9 мај 2023







Денешната средба во Вашингтон помеѓу премиерот на нашата земја, Димитар Ковачевски и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен е израз на директната поддршка и потврда на конзистентниот став на Стејт департментот на САД и Белата куќа во поддршка на нашите напори за интеграција во ЕУ.

Надминавме многу предизвици и донесовме храбри одлуки како земја со поддршка на Соединетите Американски Држави и како резултат на ова искрено партнерство сега сме дел од НАТО и го започнавме процесот на преговори за интеграција со Европската Унија.

Нашата соработка ќе продолжи уште посилно, посебно во овие клучни околности за одржување на стабилноста и зајакнување на безбедноста на регионално и глобално ниво.

Секое достигнување на нашата земја е резултат на мирољубивиот демократски придонес на САД, на кои им изразуваме длабока благодарност.

Влада на Република Северна Македонија
Кабинет на Првиот Потпретседател на
Владата

Министерство за Политички систем и
односи меѓу заедниците
Сектор за медиуми и односи со јавноста

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK