Спасовски: Законот за матична евиденција го решава проблемот на околу 700 лица

Oliver-Spasovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со измените на Законот за матична евиденција се решава проблемот на околу 700 лица без идентитет и лични документи, истакна денеска од Струга министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по средбата со раководството на СВР Охрид во рамките на проектот „Отворен Кабинет”.

Со новото законско решение, нагласи Спасовски, тие лица ќе имаат можност да бидат запишан во матичната книга на родените.



– На тој начин ќе ги остварат сите права коишто ги имаат како државјани на Република Северна Македонија, меѓутоа и да ги имаат истите обврски како останатите граѓани. Тоа практично претставува решение на еден проблем кој во голем дел ќе ја подобри и меѓународната позиција на Република Северна Македонија, изјави Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, тоа е крупен чекор за државата, која е потписник Конвенцијата за лица без државјанство на Обединетите нации.

Измените и дополнувањата Законот за матичната евиденција вчера беа усвоени во Собранието по скратена постапка, со што се овозможува законска основа до крајот на годинава над 700 лица во земјава, претежно од ромска националност кои се неевидентирани, да бидат запишани во Матичната книга на родените.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK