Спасовски-Нешиќ: Местото на Република Македонија и Босна и Херцеговина е во ЕУ

spasovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на маргините на Европската регионална конференција на Интерпол денеска во Охрид имаше билтерална средба со неговиот босански колега, Ненад Нешиќ.







На средбата било разговарано за предизвиците што ги ги тангираат Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и за Договорот со Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража „ФРОНТЕКС“ што веќе е во операционализација во Република Северна Македонија и воедно претставува прв договор помеѓу нашата држава и ЕУ.

На обострано задоволство двајцата соговорници констатираа дека Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина немаат отворени прашања, при што министерот Нешиќ го покани министерот Спасовски во јуни на работен престој во БиХ, на билатерална средба во рамки на Конференцијата за миграција на која како домаќин е Босна и Херцеговина.

Министрите Спасовски и Нешиќ согласни дека местото на Република Северна Македонија и на Босна и Херцеговина во Европската Унија, со констатација дека нема скршнување од паткот кон европското семејство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK