Шаќири: Често да се дискутира со младите, да ја подигнеме свесноста за љубезноста и толерантното однесување

shakjiri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Само љубезноста, меѓусебната почит и толерантното однесување можат да придонесат кон градење на мирна и хармонична училишна средина, во која вие младите ќе се посветите на учењето и ќе се натпреварувате со знаења, наместо да прифаќате трендови кои можат да доведат до нарушување на меѓусебните односи и дефокусирање од суштината на воспитно – образовниот процес. Затоа е важна честата дискусија и во рамки на училиштето и во рамки на семејството за вредностите со кои ќе станете уште подобри луѓе.







Ова е пораката која министерот за образование и наука Јетон Шаќири ја упатил денеска на дружбата со учениците од струшкото средно училиште „Нико Нестор“, за време на која беа разменети искуства и идеи за тоа како да се елиминираат сите облици на меѓуврсничко насилство.

– Од вас слушнав многу конструктивни предлози и вие, всушност точно знаете што е потребно за зачувување на училишниот мир. Дел од овие идеи ќе бидат вметнати во протоколите кои ги подготвуваме во моментов, а ќе служат за постапување во рамки на училиштата при детекција на случаи на насилство, рекол Шаќири.

На младите им порачал дека насилството не треба да биде решение во ниедна ситуација и дека тоа претставува немоќ, а љубезноста моќ.

Тој додал дека кај сите граѓани е зголемена свесноста за последиците од насилството, кои, како што рекол, можат да бидат катастрофални, какви што беа во соседна Србија и затоа сите треба да се залагаме за елиминирање на потенцијалните фактори кои би можеле да иницираат насилно однесување кон поединци или групи на ученици.

– Да промовираме мир, соживот и пријателство, наместо омраза и насилство. Превенцијата е најважна, но и доколку се случи меѓуврсничко, или било каква форма на насилство врз младите од повозрасните, тоа не смее да се премолчува. Затоа и отворивме електронска адреса [email protected] на која секој може да достави пријава по која веднаш ќе се постапува“, нагласил Шаќири, соопштија од МОН.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK