Претседателот Пендаровски се сретна со првиот човек на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал-Раиси

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на ИНТЕРПОЛ и Генерален инспектор во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, генерал-мајор Ахмед Насер Ал-Раиси.

На средбата се разговараше за соработката на Северна Макеоднија со ИНТЕРПОЛ, која годинава одбележува 30 години од членството во организацијата, соопшти кабинетот на шефот на државата.


Претседателот Пендаровски изрази поддршка за натамошно продлабочување на соработката со организацијата, во функција на глобалната безбедност и изрази уверување дека нашата држава ќе продолжи да дава придонес во меѓународната полициска соработка.

Претседателот на ИНТЕРПОЛ Ал-Раиси го информираше претседателот Пендаровски за клучните аспекти од 50. Европска регионална конференција на организацијата, што се одржа од 8 до 10 мај во Охрид.

На средбата беа разменети мислења за севкупниот развој на билатералните односи со Обединетите Арапски Емирати, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK