Претседателот Пендаровски покровител на иницијатива за возобновување на уметноста на Борко Лазески

Stevo Pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод одбележувањето на 60 годишнината од земјотресот во Скопје, претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва ќе се обрати на настан посветен на покренување иницијатива за возобновување на муралот на Борко Лазески „Фреска за НОВ“, што беше уништен во земјотресот во 1963 година.







На настанот насловен „Борко Лазески – уметност достапна за сите“, кој е под покровителство на претседателот Пендаровски, соопштија денеска од кабинетот на претседателот, ќе се обратат и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Зоран Трифуновски, теоретичарот на уметност Владимир Јанчевски и ќерката на Борко Лазески, Росица Лазеска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK