Петровска во работна посета на Грција, средба со грчкиот министер за национална одбрана, Панагиотопулос и посета на Меѓународниот саем за вооружување

petrovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре престојува во работна посета на соседна Грција, каде ќе се сретне со нејзиниот грчки колега, министерот за национална одбрана Николаос Панагиотопулос, а ќе го посети и Меѓународниот саем за одбрана и вооружување, DEFEA 23.

На средбата во Атина, соопштија од МО, министрите Петровска и Панагиотопулос ќе разговараат за безбедносната состојба во Европа и во регионот, за потребата од забрзување на интеграциските процеси, како и за унапредување на билатералната одбранбена соработка.


Министерката Петровска ќе го посети и Меѓународниот саем DEFEA 23, каде е изложена најновата и најсофистицирана воена опрема и вооружување, и тоа од страна на 346 изложувачи од 28 земји. На саемот се очекуваат посетители од 77 земји од светот, вклучувајќи ги и министрите за одбрана на Словачка и на Кипар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK