Делегација предводена од министерката Тренчевска на билатерален состанок во рамки на скрининг-процесот во Брисел

trenchevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со претставници од Министерството и од други институции денеска отпатува во Брисел на билатерален состанок во рамки на скрининг-процесот со Европската комисија.







МТСП информира дека билатералниот состанок почнува со тема „Европскиот столб на социјални права“ на кој министерката Тренчевска ќе говори за националните клучните реформи и иницијативи, како и предизвици и идни планови во однос на 20-те начела на Европскиот столб за социјалните права кои ја претставуваат Општата стратегија за посилна социјална Европа.

Од 10 до 12 мај претставници од Министерството и од други институции ќе зборуваат во областа на Поглавје 3.19 – Вработување и социјална политика, кое е дел од Кластерот 3 Конкурентност и инклузивен раст.

-Поглавјето 3.19 Вработување и социјална политика опфаќа седум подрачја, односно: трудово право, Безбедност и здравје при работа, Социјален дијалог, Политика на вработување и Европски социјален фонд, Социјална вклученост, Социјална заштита и Антидискриминација и еднакви можности. Делегацијата за Поглавје 19 на Северна Македонија се состои од членови, главно од Министерството за труд и социјална политика, но и претставници на други институции: Министерство за транспорт и врски, Државен инспекторат за труд, Државен инспекторат за техничка инспекција, Институт за медицина на трудот, Фонд за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување заради специфичноста на одредени области опфатени со Поглавје 19, соопшти МТСП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK