Петровска: Процесот на европска интеграција е безбедносно прашање

petrovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија е безбедносно прашање, затоа што сите отворени прашања во државата и регионот може да бидат злоупотребени и малициозно искористени за несакани дејствија и подгревање на страстите, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостувањето во емисијата „Утрински печат“.

Петровска посочи дека посветеноста на Владата и на една поширока неформална коалиција која се формира околу прашањето за евроинтеграциите и уставните измени е исправниот пат, а дека политичарите треба да го предводат народот, а не да се кријат зад него.


– Знам дека е тешко да зборуваме за уставни измени, знам дека е тешко да се зборува за политички отстапки, но големите лидери во политиката се распознаваат по своите дела и не се кријат зад народот. Лесно е да кажете, ајде за секое второто прашање да го прашаме народот. На крајот на краиштата седиме на позициите на кои седиме затоа што ние треба да ги носиме решенијата и ние треба да ги носиме одлуките, потенцираше Петровска, додавајќи оти политичарите многу помалку треба да се кријат зад народот, а многу повеќе треба да го предводат зашто во даден момент во тие историски носени одлуки, зависи иднината на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK