Гир: Имате јасен пат пред вас, искористете го моментумот за напредок во евроинтеграциите

gir
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се наоѓаме во многу специјален момент од историјата кога процесот на проширување е поставен како врвен приоритет на агендата на ЕУ, што значи дека работите може да се развиваат многу брзо. Земјава може да ја зграпчи таа можност, тој моментум за да може да се придвижи напред, а следниот чекор којшто треба да се направи е измена на Уставот, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир.







– Всушност, веќе имаме отворено пристапни преговори, начин којшто е навистина отворен и многу јасен пат пред вас. Исто така, од друга страна за да може да се комплетира целиот овој процес, следниот чекор којшто треба да се направи е измена на Уставот, се разбира дека тука зборуваме за суверена одлука која што треба да се направи од страна на вашата држава. Меѓутоа зборуваме за една одлука која што е суштествено значајна за да може да се придвижиме напред, изјави амбасадорот Гир во одговор на новинарско прашање што може да се очекува за процесот за проширување на ЕУ по најавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за забрзување на процесот и за носење клучни одлуки многу бргу.

Тој напомена дека за динамизирање на процесот на евроинтеграциите клучни се и реформите.

– Всушност реформите коишто се поврзани со животната средина, меѓутоа, исто така, и реформи коишто се однесуваат генерално на сите сфери од животов за да може земјата рапидно брзо да се приклучи кон ЕУ. Тоа што е потребно да се направи е да се забрза динамиката на самите реформи за да може земјата што поскоро да може да ги искористи сите придобивки коишто се нудат од страна ЕУ, изјави Гир.

Евроамбасадорот истакна дека што побрзо се спроведуваат реформите, толку побрзо ќе биде и самото влегување на земјата во ЕУ.

– Тој пат пред земјата е јасен, отворен е, така што, ако се забрза процесот на реформи ќе може и практично да се искористат бенефитите во таа смисла. Јас сум навистина убеден, ако ги преземете овие чекори, ќе се приклучите кон ЕУ, порача Гир по обраќањето на настанот за одбележување на Денот на Натура 2000 и Светскиот ден на биодиверзитетот во Општина Дебрца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK