Пендаровски во Подгорица на Самит на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Подгорица.

Претседателот Пендаровски утре ќе се обрати на Пленарната сесија на состанокот на шефови на држави и влади, а ќе одржи и заедничка прес конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, во својство на претседатели на земјите кои се актуелен и следен претседавач со ПСЈИЕ, соопшти кабинетот на шефот на државата.


Претседавањето на Република Северна Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа започнува на 1 јули 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK