Пендаровски – Де Кро: Белгија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија и политиката на проширување на ЕУ

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел, во рамки на работната посета на Белгија, имаше средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро.







На средбата беа констатирани пријателството и партнерството меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беа билатералните односи, македонската евроинтеграција, економската соработка, како и политичките и економски текови во Европа, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Претседателот Пендаровски го поздрави позитивниот тренд на зајакнување на политичкиот дијалог меѓу двете земји и оцени дека честите размени на посети на високо ниво дополнително ќе ја продлабочат политичката доверба, а ќе го поттикнат и економскиот развој. Пендаровски и Де Кро изразија задоволство од унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји и зголемувањето на белгиските инвестиции во Северна Македонија.

Претседателот изрази благодарност до белгискиот премиер за доследната и постојана поддршка на македонските европски интеграции и политиката на проширување на ЕУ, како процес од стратешко значење за регионот. Во тој контекст, беа разменети мислења и ставови за претстојното белгиското претседавање со Европската Унија во првата половина на 2024 година.

На средбата се разговараше и за стабилноста и безбедноста на европскиот континент, при што беше посочена важноста на партнерството во НАТО во справувањето со геополитичките предизвици наметнати од војната во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK