Османи – Вархеји: ЕУ да остане посветена и одлучна за забрзана интеграција на земјите од регионот

osmani-varheji
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Продуктивна средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, во рамки на работната посета во Брисел, со фокус на ЕУ-досието на земјава, напиша шефот на дипломатијата Бујар Османи на неговиот фејсбук профил.







-Во фокус: нашето ЕУ досие; високото ниво на подготвеност на нашата администрација за успешен скрининг процес; уставните измени како наша преземена обврска со цел забрзана интеграција во ЕУ. Северна Македонија останува посветена во реализацијата на најголемата надворешно – политичка стратешка цел до 2030 година, но и ЕУ да остане посветена и одлучна за забрзана интеграција на земјите од регионот, со цел опипливи економско-социјални придобивки за нашите граѓани, стои на фејсбук статусот на Османи.

Министерот Османи денеска престојува во работна посета на Брисел, каде заедно со неговите колеги од регионот ќе учествува на Советот за надворешни работи на ЕУ, посветен на Западен Балкан.

Од Министерството за надворешни работи најавија дека покрај учеството на сесијата, и средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, Османи ќе има бројни средби и со колеги од регионот и од земјите членки на Унијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK