Османи: Недонесувањето на уставните измени ќе ја изолира земјата

osmani
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ако не бидат донесени уставните измени, тоа би ја однело земјата во излолација и може да резултира Северна Македонија да не се интегрира во ЕУ уште многу децении, истакна минисерот за надворешни работи Бујар Османи.

– План Б е да не се донесат уставните измени. Ова би ја однела земјата во догла изолација бидејќи во ноември ќе бидат прекинати преговорите за нас, а ќе продолжат за Албанија. Во меѓувреме се создаде побрз пат за членство во ЕУ, главно поради Украина, но и малку да го поттикне дијалогот Србија-Косово, рече Османи во гостување во Телевизија Клан.


Според Османи, опозицијата нема да може да аргументира пред граѓаните зошто ја блокира европската иднина на земјата, бидејќи, како што вели, за да се донесе таква одлука, треба да има сериозни аргументи.

Што се однесува на меѓународните претставници во овој процес, Османи вели дека важните одлуки за судбината на земјата не треба да се прават под меѓународен притисок, бидејќи според него, земјата и домашните политичари се доволно зрели да ја разберат важноста на одлуките кои ги донесуваат.

– Секако дека меѓународната заедница помогнала во комуникацијата, во претставувањето на различни сценарија, во зависност од нашите одлуки, но потсетувам дека по почетокот на јавната расправа и граѓаните јасно ќе разберат за што се работи со овие уставни измени, рече Османи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK