Грковска: Договорот со „Бехтел и Енка“ има клаузула за тајност

grkovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на денешниот брифинг со новинарите укажа дека договорот со „Бехтел и Енка“ има клаузула за тајност.







-Мојата прва изјава за тоа беше дека во принцип не гледам причина да не биде објавен, освен ако има клаузула што би можела да влијае на таквата одлука и дека ќе проверам дали има таква клаузула. Меѓутоа, таква клаузула постои, веднаш беше објавено од премиерот и беше информирана јавноста за постоењето на таква клаузула и дека таа не обврзува во еден дел за таква мерка, рече Грковска на средбата со новинари.

Во однос на механизмот кој им стои на располагање – опомените за функционери кои го прекршуваат етичкиот кодекс и ја злоупотребуваат својата функција, Грковска нагласи дека без оглед за кого станува збор одлучуваат исклучиво врз основа на аргументите. Прашана дали има притисоци од страна на некои функционери, Грковска одби да одговори.

-Ние без оглед на се и без оглед за кого станува збор одлучуваме исклучиво врз основа на аргументите и гледате дека и од функционерите на кои им е изречен очигледно дека не не засега многу за кого и за што туку дали аргументите укажуваат на тоа дали го прекршиле или не. Има влијание, има промена во однесувањето тоа се гледа по дискусиите што ги правиме, рече Грковска.

Таа посочи дека е дадена препорака секое министерство и секоја институција да има лице задолжено за кодексот со цел најдобро имплементирање на етичкиот кодекс.

-Во добра насока сме, тоа е процес заради тоа што досега не сме имале случаи на изрекување мерки и опоменување за такво однесување на функционери. Тоа е процес кој се надеваме дека еден ден ќе не доведе до ситуација кога свесноста на функционерите ќе биде на тоа ниво какво што е во денеска поразвиени демократски држави, но преку ноќ не се случува, рече Грковска.

Одговарајќи на прашање што доколку некој и понатаму го прекршува кодексот, Грковска кажа дека доколку продолжи да го прекршува кодексот за истото за кое е опоменат, обврзани се да го информираат премиерот за тоа и понатаму тој треба да одлучи за каква мерка ќе се определи. Мерките се да побара оставка, разрешување и јавна опомена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK