Министерот Бесими на состанок на Конституенцата на ММФ и СБ во Црна Гора

besimi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска и утре ќе учествува на Состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што се одржува во Тиват, Црна Гора, соопшти МФ.







Во рамки на состанокот, министерот Бесими ќе учествува на панел дискусијата на тема „Стремеж за економска стабилност/Фискална консолидација и затегнување на монетарната политика – кој е оптималниот микс на политики? На темата ќе дебатираат гувернерите на централните банки на Молдавија, Ерменија и Романија, а обраќања ќе имаат и Клас Кнот претседател на Банката на Холандија и Алфред Камер директор на одделот за Европа во ММФ.

Министерот Бесими во Тиват на маргините на состанокот на Конституенцата ќе има билатерални средби со заменик-претседателот на Светска банка Антонела Басани и Алфонсо Гарсиа Мора, регионален заменик-претседател во ИФЦ, како и со директорот на одделот за Европа во ММФ Алфред Камер.

На Состанокот на Конституенцата во Тиват ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Групацијата на СБ, како и гувернери на централни банки, меѓу кои и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, и министри за финансии на земјите членки.

РС Македонија како земја членка на Светската банка е дел од Холандската конституенца, а минисерот за финансии ја претставува земјава во Одборот на гувернери на Светска банка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK