Вицепремиерот Маричиќ во посета на Словенија

maricik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во еднодневна работна посета на Љубљана, каде што ќе оствари билатерални средби со државниот секретар за европски прашања, меѓународно право и заштита на интереси при Министерството за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Марко Штуцин, со државниот секретар за меѓународни прашања при словенечката Влада Војко Волк и со поранешниот евроамбасадор во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар.







Во рамки на работната посета во Љубљана Маричиќ во македонската Амбасада ќе ги сретне и студентите од Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) и македонските иселеници во Љубљана, соопшти СЕП.

Вицепремиерот Маричиќ ќе присуствува на настанот на првиот Форум на Европски Балкан, 20 години по Самитот на ЕУ во Солун, каде ќе се обрати на тркалезна маса на тема: „Моменталниот однос на ЕУ кон Земјите од Балканот“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK