Меџити: Најдобри сме во регионот во обезбедување терапија за мултипла склероза

medziti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека сме најдобри во регионот во обезбедување терапија за мултипла склероза.







– Ние во делот на мултипла склероза, јас како невролог професионалец ви тврдам со одговорност, дека сме најдобри во регионот за обезбедување на терапијата. И ќе продолжиме, ќе се стремиме што повеќе пациенти да вклучиме и бројот што чекаат не е голем. Ние точно ја одредуваме дијагнозата и кога треба да се почне со терапијата. Имаме нормално и модулаторна терапија, првите симптоми, прво одлучуваме како што – тоа е професионално меѓу нас на неврологија, но ви кажувам и ви тврдам со одговорност дека сме најдобри во околината, во регионот, нагласи министерот, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој денеска присуствуваше на настанот организиран од Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, а по повод одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK