Меџити ги презентира преземените активноти во рамки на „100 дена Кабинет на министерот“

medziti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Покачување на платите за сите здравствени работници, реновирање на неколку клиники, отворање на нов Центар за црн дроб, носење на нов Правилник за ажурирање на позитивната листа на лекови, формирање Комисија за решавање на проблематиките на пациентите со цистична фиброза, дигитализација на здравствените услуги,… се дел од активностите и проектите кои министерот за здравство Фатмир Меџити ги остварил во рамки на 100 дена од преземањето на министерската функција.







Меџити нагласи дека во „100-те дена Кабинет на министерот“ реализирале покачување на платите на сите вработени – лекари, медицински сестри, болничари, лаборанти, хигиеничари од две до три илјади денари и покачување на надоместок на дежурствата од 125 отсто до 166 отсто.

Министерот посочи дека Кабинетот на Министерството за здравство за 100 дена реализирало реновирање на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија во соработка со Американската амбасада, на Центарот за дијабетес, на оддел на Универзитетската клиника за ендокринологија, на Клиниката за токсикологија и на Одделот за педијатрија во Општата болница Гостивар. Тој нагласи дека започнале тендерски постапки за набавка на лифтови на Клиничка болница – Тетово, на клиниките за хематологија и токсикологија и на Хирушките клиники.

Меџити потенцира дека првпат Клиничката болница во Тетово доби со нов Ургентен центар за тријажа на пациенти по европски стандарди, како и дека овозможиле отворање на нов Центар за црн дроб, ординација за подготовка на пациентите за трансплантација, како и постоперативно следење на трансплантираните пациенти, која е снабдена со фибро скен и ехо апарат со елоскограф. Тој соопшти дека Министерството во соработка со Фондацијата „Заев“ обезбедило микроскоп за Клиниката за пластична хирургија, која ќе ја унапреди мирко-хирургијата во Клиниката.

Тој информира дека донеле нов Правилник за ажурирање на позитивната листа на лекови и креирана е комисија за ажурирање на позитивната листа која, како што посочи, не била ажурирана од 2015 година.

Министерот посочи дека Министерството работи во насока на дигитализација на здравствените услуги и за тоа, како што рече, сведочат мобилната апликација „Мое здравје“, веб платформата и Е-здравството и електронското поднесување на барање за електронски извод од матична книга на родените „Добредојде бебе“.

Министерството креирало електронски модул и формирало Комисија за решавање на проблематиките на пациентите со цистична фиброза која изготви стручен протокол за лекување на пациентите со цистична фиброза. Иницирале роботика во хирушките интервенции при ТОАРИЛУЦ, односно во ортопедија. Посочи дека направиле ажурирање на системот „Мој термин“ со што, како што рече, имаме значително подобрување во времето на чекање за термини.

Меџџити најави дека во најскоро време пациентите со хронична терапија ќе можат својата терапија да ја препишат кај своите матични лекари.

На новинарско прашање чиј успех е тоа што го промовира денеска министерот, имајќи предвид дека 80 проценти од работите и активностите се почнати многу години претходно, Меџити одговори дека кога вели „Кабинет на Министерството“ тоа го поздразбира целиот здравствен систем во државата.

– И после мене нормално ќе има проекти кои ќе бидат тековни, па јас им се заблагодарувам на сите тие што биле ангажирани, рече Меџити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK